Украина: Руските депортации во окупираните региони грубо го кршат меѓународното право

Сподели со своите пријатели

Депортациите на украинските граѓани од два региони окупирани од проруските сили грубо го кршат меѓународното право, тврди Украина.

Loading...

Во последниве недели, Русија им нареди на цивилите во јужниот регион Херсон да се евакуираат од областа на западниот брег на реката Днепар, а оваа недела, наводно, им кажала и на оние во тампон зоната долга 15 километри да си заминат.

Украинското Министерство за надворешни работи исто така во соопштение наведе дека руските сили исто така ги принудуваат луѓето да го напуштат регионот Запорожје на исток.

„Нанесувањето хуманитарно страдање од големи размери на Русија врз невини деца, жени и постари лица е кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид“, се додава во соопштението на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Да потсетиме дека рускиот функционер од областа Херсон, Кирил Стремусов, во четвртокот изјави дека војниците на Кремљ најверојатно ќе го напуштат западниот брег на реката Днепар, каде што Москва ги евакуира граѓаните во последните недели.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.