Украина: Русите се повлекуваат од градовите во Луганск

Сподели со своите пријатели

Руските трупи се повлекуваат од првите градови во источниот украински регион Луганск, изјави денеска украински претставник.

Loading...

„Денес Кремина е целосно празна. Нема полиција, нема командант, нема обвинителство – нема никој, сите избегаа“, изјави украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Хајдај.

Неговите тврдења сѐ уште не се потврдени од независни извори. Но, еден ден претходно, руските воени блогери објавија дека украинските сили влегле во селото Билохоривка.

Селото се наоѓа веднаш до малиот град Кремина на другиот брег на реката Северен Донец.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.