Украина: Русите повеќе не се способни за големи офанзиви

Сподели со своите пријатели

Украинските воени разузнавачи тврдат дека руските сили во таа земја повеќе не се способни за големи офанзивни операции и главно се посветени на одбраната.

Loading...

Она за што Москва сè уште има капацитет е одржување на сегашниот интензитет на ракетни напади, додаваат тие.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Андриј Јусов, во синоќешното интервју за украинската телевизија изјави дека, кога станува збор за „должината на целата линија на фронтот“, руските сили се „во дефанзива“ и немаат ресурси што би им овозможило „да ги повторат големите офанзивни операции“.

„Сето ова време тие се подготвуваат за одбрана и ова е важен фактор што украинската команда го зема многу сериозно кога се подготвува за деокупација на украинска територија“, додаде Јусов.

„Тие бараат оружје низ целиот свет“

Портпаролот тврди дека целта на руските ракетни напади е променета, а нивниот интензитет е ослабен од зимата кога руските сили редовно ја напаѓаат украинската енергетска инфраструктура. Тој додаде дека руските сили страдаат од недостатоците на некои видови ракети како што е Калибр.

„Тие активно бараат начини да го компензираат тоа… тие бараат оружје низ целиот свет. Досега не беа многу успешни“, рече Јусов, додавајќи дека и покрај тоа, руските сили „се способни да го одржат интензитетот на ракетните напади, барем засега“.

Тој проценува дека Русите имаат голема залиха ракети С-300, кои можат да направат голема штета.

Станува збор за проектили дизајнирани како противвоздушно оружје, но Русите редовно ги користат за напад на копнени цели.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.