Украина: Русите не го зазедоа Соледар

Сподели со своите пријатели

Руските тврдењата дека нивните сили го зазеле градот Соледар не се точни, според украински функционер, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

Серхиј Череваџи, портпарол на Источната група на украинските вооружени сили, за весникот РБЦ-Украина изјави дека борбите сѐ уште траат во градот.

Руските власти денеска објавија дека ја презеле контролата над Соледар по повеќемесечна битка.

Тие рекоа дека ова е клучен чекор.

Победата ќе им овозможи на руските војници да ги отсечат украинските сили во блискиот поголем град Бахмут, објави руското Министерство за одбрана.

Новинска екипа на Си-Ен-Ен во близина на Соледар вели дека минофрлачки и ракетни истрели сѐ уште се слушаат во областа.

Додава дека украинските сили изгледа како да се повлекуваат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...