Украина: Русија трупа сили во Соледар, но ние сè уште се држиме

Сподели со своите пријатели

Киев денеска објави дека Русија трупа сили кај Соледар, но дека украинската армија дава отпор и ги задржува своите позиции во жестоката битка за тој град на истокот на земјата.

Loading...

Заменик-министерот за одбрана Хана Маљар рече дека бројот на руски единици се зголемил од 250 на 280 додека Москва се обидува да преземе „стратешка иницијатива“.

„Во правец на Соледар се водат жестоки борби. Русите газат по сопствените мртви. Русија го принудува сопствениот народ, по илјадници, во кланица, но ние се држиме“, рече Маљар.

Бригадниот генерал Олексеј Громов на брифинг со новинарите рече дека воената ситуација во Украина е тешка, со најжестоки борби на источниот фронт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Тој додаде дека руските сили се обидуваат да ги пробијат украинските линии и да ги опколат украинските војници.

Според него, се уште не е исклучена можноста за напад од белоруска територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.