Украина: Русија да се исклучи од Г20 и Путин да не учествува на самитот

Сподели со своите пријатели

Украина соопшти дека Русија треба да биде исклучена од групата 20 најразвиени земји во светот (Г20) и дека треба да се повлече поканата до рускиот претседател Владимир Путин да учествува на самитот на Г-20 во Бали следниот месец.

Loading...

Путин јавно објави дека наредил ракетни напади врз украинските цивили и енергетската инфраструктура, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

Тој рече дека Путин, „поради рацете извалкани со крв“, не треба да му се дозволи да седи на иста маса со светските лидери, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.