Комесарот за човекови права на украинскиот парламент Дмитро Лубинец изјави дека руските војници извршиле уште едно воено злосторство – егзекуција на невооружен украински воен заробеник со меч.
„Уште едно воено злосторство – на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како Русите веројатно егзекутирале невооружен украински воен затвореник со меч, со врзани раце со лента“, напиша Лубинец на Телеграм.
Мечот вели „За Курск“
„Нивото на варварство и крвожедност е непроценливо“, пишува Лубинец и додава дека ваквите постапки се грубо кршење на Женевската конвенција за постапување со воените заробеници.
Тој наведува и дека испратил писма до меѓународните организации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ОН, со цел да евидентира уште едно руско кршење на човековите права.
На социјалните мрежи утрово беа објавени фотографии од погубениот украински војник.
Војникот бил прободен со меч со натпис „За Курск“.
На раката на војникот се гледа сива лента, што може да значи дека неговите раце се врзани.
„Тие сакаат да не деморализираат“
На фотографиите се гледа крваво тело на патот, зад него има оштетени воени возила и згради. Не е познато каде и кога се направени фотографиите.
„Би сакал да нагласам дека ваквите показни егзекуции имаат за цел да го деморализираат украинското општество. Меѓутоа, гледајќи ги таквите акции, мора да станеме уште порешителни во борбата против агресорите“, пишува Лубинец.