„Украина погоди над 400 руски цели“

Сподели со своите пријатели

Украина погоди повеќе од 400 руски цели со ракетните системи ХИМАРС што им беа доставени од САД, изјави денеска генерал Марк Мајли, претседател на Здружениот генералштаб на САД.

Loading...

„Гледаме реални и мерливи резултати на Украина во користењето на овие системи. На пример, Украинците погодија преку 400 цели со HIMARS и тие имаа разурнувачки ефект“, изјави тој за новинарите во воздухопловната база Рамштајн во јужна Германија, пренесе Ројтерс.

Тој ја даде изјавата по состанокот на министрите на американските сојузници, на кој тие разговараа за тоа како да му се обезбеди на Киев долгорочна поддршка во соочувањето со Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.