Русите, наводно, вчера удриле во силоси за жито во Миколаив, второто по големина пристаниште во Украина, а пожарот продолжува и во среда, соопшти локалната служба за итни случаи.
„Поради гранатирањето на Миколаев, се запалија силоси за жито и инфраструктура во областа Корабелни“, објавија денеска службите на Фејсбук. „Борбата против пожарот продолжува“.
Властите објавија фотографии со дупки на металните покриви на најмалку два силоса и пожарникари кои го гаснат пожарот.
Зафатена е површина од 200 метри квадратни, додаваат службите.
Украина спроведува контраофанзива во областа на Миколаев
Миколаив е дом на неколку главни терминали за жито, од кои некои беа мета на руски напади во минатото.
Украина моментално спроведува контраофанзива во таа област за да ги протера руските сили од блискиот Херсон.
Витера, дел од Гленкор, е една од компаниите со инфраструктура во Миколаев, кој лежи на реката Јужен Буг, недалеку од Црното Море.
Нејзиниот терминал се запали во јуни, а не се знае дали тоа се повтори во вторникот.
Украинскиот извоз на жито е десеткуван откако Русија започна инвазија на 24 февруари и го блокираше патот на Црното Море, што доведе до зголемени цени на храната низ целиот свет и страв од недостиг на Блискиот Исток и Африка.
Три црноморски пристаништа беа деблокирани во јуни според договорот меѓу Москва и Киев, а Украина посочува дека истото сака да го постигне и за Миколаев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.