Украина очекува 500 милиони долари месечно од Германија

Сподели со своите пријатели

На Украина ѝ е потребна голема помош од Германија за финансирање на државата за време на војната, објасни економскиот советник на претседателот на Украина, Александар Родњански.

Loading...

„Секој месец ни требаат четири до пет милијарди долари за нашиот буџет. Мислиме дека Германија може да преземе над половина милијарда долари, особено следната година“; потенцира Родњански во изјава за медиумите на германската „Фанк груп“.

Украина очекува околу две милијарди долари месечно од ЕУ, рече тој.

Потенцира дека државата мора да функционира и да се исплаќаат пензиите.

Родњански рече дека штетата на инфраструктурата се проценува на околу 120 милијарди долари.

Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, кој денеска ненадејно пристигна во Киев, вети натамошна помош од неговата земја за Украина.

„Мојата порака до Украинците е дека ние не само што сме на ваша страна, туку дека ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, економски, политички и воен“, подвлече тој.

Украинскиот премиер Денис Шмихал, во пресрет на конференцијата за обнова на Украина во Берлин, оцени дека на неговата земја и се потребни 750 милијарди долари за реконструкција.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.