Украина: Напредувавме повеќе од еден километар кај Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинските сили напреднале за повеќе од еден километар во близина на источниот град Бахмут, соопшти денеска портпаролот на украинската армија.

Loading...

Ова е последната во низата изјави на Киев дека контраофанзивата започната на почетокот на јуни постепено дава резултати.

Овие извештаи се во целосна спротивност со рускиот поглед на развојот на ситуацијата околу Бахмут.

„Одбранбените сили ја задржаа иницијативата, вршат притисок врз непријателот, вршат напади и напредуваат по северното и јужното крило“, рече Серхи Черевати, додавајќи дека еден ден претходно украинските сили напреднале повеќе од еден километар.

Во близина на селото Клишчивка, југозападно од Бахмут, украинските сили забележаа „делумен успех“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Украинците се обидуваат да го опколат градот

Заземањето на селото ќе им помогне на украинските сили да ја вратат контролата врз Бахмут, град кој руските сили го зазедоа во мај по 10 месеци борби.

Руската агенција РИА, повикувајќи се на воени извори, објави дека руските сили го одбиле нападот на Клишчивка и дека ја чешлаат областа за преостанатите украински војници.

Руските сили го држат Бахмут, а двете страни известуваат за тешки борби во областа.

Loading...

Украинските сили се обидуваат да го опколат градот и досега зазедоа голем број села на југот.

Силниот отпор и минските полиња го забавуваат нивниот напредок. Русија сè уште држи големи области на источна и југоисточна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.