Украина: Напредуваме на југ, ослободивме 12 населени места

Сподели со своите пријатели

Генерал Валериј Жалузни, командант на украинската армија, денеска на својот канал на Телеграм изјави дека украинската армија напредувала во два правци на јужното бојно поле, што ги опфаќа регионите Херсон и Миколаев, за седум километри и ослободила 12 населени места.

Loading...

„Не можеме ниту да ги потврдиме ниту да ги демантираме информациите за таканареченото повлекување на руските окупациски сили во Херсон. Продолжуваме со офанзивните операции во согласност со нашиот план“, рече Жалузни.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера, да потсетиме, во разговор со Сергеј Суровикин, командантот на руските сили во Украина, нареди повлекување на руската армија од Херсон.

Украина сè уште е скептична кон тој налог и мисли дека тоа може да биде стапица.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.