Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, заедно со САД.
„Ќе работиме заедно за Украина да го произведе потребното оружје заедно со Америка. Ова е ново ниво на нашето единство. Копродукцијата во одбранбената индустрија со САД е историска работа“, рече Зеленски во видео пораката, зборувајќи за резултатите од неговата посета на САД, пренесува „Униан“.
Според него, соработката ќе може да ѝ обезбеди на Украина нова индустриска база и нови работни места.
За време на посетата на Вашингтон, Зеленски се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден, претставници на Конгресот и Сенатот, а денеска САД ги објавија деталите за новиот пакет воена помош за Украина од 325 милиони долари.
Овој пакет вклучува, меѓу другото, касетна муниција, противтенковско оружје и ракети за системите за воздушна одбрана HIMARS, соопшти американската администрација.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.