Украина ја обвини Русија за гранатирање на Енергодар

Сподели со своите пријатели

Русија го гранатира градот Енергодар, каде се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, тврди украинската страна, велејќи дека руските сили гаѓаат станбени области.

Loading...

„Горат автомобили и станбени згради“, објави украинската армија на Телеграм, а снимката од нападот покажува повеќе запалени автомобили и пожарникари кои брзаат да го изгаснат пожарот, пишува лондонски Гардијан.

Овие извештаи доцна синоќа ги потврди и Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговиот канал Телеграм, со снимки од пожарникарите како гаснат запалени автомобили.

„Тие (руските сили) провоцираат и се обидуваат да го уценат светот“, напиша шефот на кабинетот Јермак, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Регионалниот гувернер Олександр Старух вчера преку Телеграм објави дека руските сили нападнале станбени згради во главниот град Запорожје и во градот Орихив, кој се наоѓа источно од Запорожје.

Украинската војска објави гранатирање на уште девет градови во областите преку реката Днепар, додека руската државна новинска агенција објави дека украинско беспилотно летало имало намера да нападне складиште за нуклеарен отпад во централата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.