Украина и Франција преговараат за нов пакет воена помош

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за подготовка на нов пакет воена помош за Украина.

Loading...

„Имав долг и значаен телефонски разговор со Емануел Макрон. Му честитав за именувањето на новиот премиер Мишел Барние. Францускиот претседател изрази сочувство во врска со руските напади врз Лавов, Полтава и други градови и заедници“, се вели во синоќешното соопштение на прес-службата на украинскиот претседател.

Во пресрет на состанокот на контакт групата во Рамштајн формат, Зеленски и Макрон разговарале за продолжување на одбранбената соработка, подготовката на нов пакет воена помош за Франција, како и за можноста за заедничко производство на некои видови оружје.

„Уште еднаш нагласив: очајно ни е потребна дозвола од нашите партнери за напади врз аеродроми од кои полетуваат противвоздушни ракетни носачи, па затоа сметаме на единството на нашите сојузници по ова прашање“, посочи Зеленски.