Украина: Гранатиран Николаев, најмалку две лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Во руското гранатирање на украинскиот град Николаев, најмалку две лица загинаа, а шест се повредени, изјави шефот на цивилно-воената администрација на регионот, Виталиј Ким.

Loading...

Тој најави дека „според првичните податоци, две лица загинале, тројца се повредени, а уште тројца жители се пренесени во болница и дека се добиваат детални информации од терен“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Синоќа околу 1:10 часот, Николаев беше гранатиран. Според првичните податоци, станува збор за ракети С-300. Оштетени се образовна институција, инфраструктура и станбени објекти“, објави Ким во објавата на Телеграм, тврдејќи дека пожарот избувна како резултат на нападот во фабриката, наведува американската агенција.

Градоначалникот на Николаев, Олександар Сиенкевич, исто така, објави за гранатирањето на Телеграм.

„По 1 часот по полноќ вечерва Николаев беше масовно гранатиран. Оштетени се станбени куќи. Службите за итна помош и општинските служби работат на местото. Некои улици треба да се исчистат за да можат возилата да поминат“, рече Сиенкевич во објавата на Телеграм.

А во ноќта меѓу саботата и неделата руската армија го гранатираше Николаев, при што беа ранети девет лица, соопштија претходно украинските власти.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.