Украина доби две милијарди евра од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Украина Денис Шмигал денеска изјави дека земјата добила финансиска помош од две милијарди евра од Европската унија.

Loading...

„Дополнителните финансиски средства ќе помогнат да се покријат итните буџетски трошоци, особено за социјални и хуманитарни потреби“, објави Шмигал на Телеграм, како што пренесува Ројтерс.

Како што изјави украинскиот премиер, ова е прва транша од пакетот од пет милијарди евра, усвоен по „воената операција“ иницирана од Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.