Украина: Црното море треба да стане море на НАТО

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба повика Црното Море да се претвори во „НАТО море“, истовремено изјавувајќи дека е неопходна негова демилитаризација.

Loading...

– Дојде време Црното Море да се претвори во она што стана Балтик – во море на НАТО. Апелираме за демилитаризација на Црното Море за да можат мирољубивите земји кои ги почитуваат законите да го користат за трговија и патување – рече Кулеба на конференцијата за безбедносни прашања на Црното Море во Букурешт, која беше емитувана на Јутјуб.

Покрај тоа, тој изрази жалење што Западот нема конзистентна стратегија за Црното Море и нагласи дека Русија секогаш имала таква.

Украинскиот министер повторно најави дека Киев планира да воспостави контрола врз регионите кои станаа дел од Русија.

По референдумите одржани на крајот на септември минатата година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша федерални уставни закони за обединување на Народните републики Доњецк и Луганск, регионите Керсон и Запорожје со Русија и за формирање на нови субјекти на Руската Федерација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.