Украден еден од уредите за дезинфекција на возила во Куманово

Сподели со своите пријатели

Еден од уредите за дезинфекција на возилата во Куманово кои беа поставени изминатите денови, веќе е украден, а друг е оштетен, информираат денеска од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Loading...

– Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден  е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција“. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини, стои во реакцијата на ОШЗС.

Средствата што се користат на пунктовите за дезинфекцијана возилата, како што велат надлежните, не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили.

Никола Ивановски

Leave a Reply