УЈП објави листа на должници на старо – нови кумановски фирми

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи неодамна ја објави новата листа на должници, кои должат на УЈП по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Loading...

На најновата листа се најдоа вкупно 4.306 фирми и граѓани кои не платиле даноци последните три месеци -до крајот на март. Нивниот долг се проценува на 200 милиони евра.

Меѓу нив се веќе познатите компании кои подолг период не се симнати од врвот на листата, но и ексклузивни ресторани, градежни претпријатија, ски центри, адвокати, продукциски куќи и физички лица.

Центарот за детско творештво со 1, 5 милион, КИК Куманово со долг од 50 милиони денари, Искра А.Д,  КЕН, Биброк и две јавни претпријатија повторно се најдоа на листата должници кон УЈП.

Листата на должници од Куманово вклучува приватна фирма која должи близу 50 милиони денари, но и едно физичко лице кое должи 28 милиони денари.

Како најголем должник се појавува компанијата „Ел дон Кастило Ангел“ од Скопје која должи 1,134 милијарди денари. Меѓу дваесетте најголеми должници се и три јавни претпријатија – „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Македонската радио телевизија“ кои заедно должат данок од над 12,7 милиони евра.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *