Екстремно високите температури утре ќе бидат уште повисоки. Управата за хидро-метеоролошки работи испрати вонредно известување во кое стои дека за утре е прогласена жолта фаза поради топлотен бран, односно температурата ќе достигне и до 40 степени целзиусови.
Loading...
Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.