Утре на повеќе места, а во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Како што стои во најавата, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Викенд прогноза за Куманово: Подгответе се за нестабилно време
Од УХМР препорачуваат поголема внимателноство случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Никола Ивановски