Викенд прогноза за Куманово: Подгответе се за нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи претежно во југозападните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 27 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 11 степени во утринските часови до максимални 25 степени целзиусови во текот на денот.

 

 

Во недела ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце, но и за нестабилност проследена со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. утринската температура ќе се движи околу 11 степен, а максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзисусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски