УХМР најавува топло и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи најавува топло, но и нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме.

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе се искачат над 30

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.

Никола Ивановски