Удар на гром предизвикал пожар во Бајловце

Сподели со своите пријатели

Удар на гром предизвикал пожар во селото Бајловце во Општина Старо Нагоричане при што гореле сува трева и шума.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот избувнал некаде околу 16 часот.

Во 16:20 часот на терен излегле двајца пожарникари на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане со едно возило, тројца вработени во тамошната Полициска станица, како и десетина мештани на селото Бајловце.

Интервенцијата траела до 20:15 часот.

Никола Ивановски

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото