Ученик во Германија со нож нападнал соученици, неколкумина повредени

Сподели со своите пријатели

Во средното училиште во Вупертал, на западот на Германија, ученик во четвртокот наутро со нож повредил неколку негови соученици, по што напаѓачот, кој исто така бил повреден, бил совладан и уапсен.

Loading...

Утрото околу 10 часот полицијата добила повик дека ученик со нож нападнал други ученици во гимназијата во центарот на градот, при што повредил петмина.

Засега не се знае дали некој од повредените ученици е во животна опасност.

По пристигнувањето на полицијата и специјалните полициски единици, напаѓачот бил совладан и поради повредите пренесен во болница.

Полицијата во моментов проверува дали напаѓачот дејствувал сам или имал помошници.

Според полицијата, за време на инцидентот немало пукање, а според некои медиуми во нападот бил употребен и нож.

Повеќе информации за сторителот се уште не се објавени.