Учениците од ОСТУ “Наце Буѓони” на прием во народниот кабинет на Иванов (фото)

Сподели со своите пријатели

Учениците од ОСТУ “Наце Буѓони” беа повикани од страна на Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓи Иванов, во знак на активното учество на државните натпревари и низата освоени први места.

Loading...

11693920_10201229959108379_7309562379880111698_n

По тој повод во рамките на одбележувањето на 10 ноември – Меѓународен на науката, во Народната канцеларија на претседателот во Скопје, во организација на Народна Техника на Македонија,  учениците се претставија со најуспешните трудови од оваа година.

12196273_10201229958668368_6861450970567841267_n

Милан Поповски на изложбата се претстави со проектот “Мешалка на прехранбени бои”, изработен под менторство на Александер Цветков, додека Дамјан Петровски се претстави со проектот “Модел на Холограм” под менторство на Катерина Ѓорѓиевска.

12227606_985242174830281_8528283626468989102_n

 

Во меѓувреме, Општинското Средно Техничко Училиште “Наце Буѓони” потпиша меморандум за соработка со приватното средно техничко училиште од Маниса, Република Турција, основано за да образува кадри за потребите на индустриската зона на Маниса во која се вклучени 220 фабрики.
Предвидени се взаемни посети на ученици, наставници и родители и размена на искуствата од областа на образованието и образовната технологија, соопшти директорот на ОСТУ,  Лидија Михајловска.