Убиството на Дарија Дугина не е грешка, вели нејзиниот татко

Сподели со своите пријатели

Рускиот филозоф Александар Дугин верува дека неговата ќерка Дарија Дугина била цел на ужасен напад со автомобил-бомба во кој загина минатата недела.

Loading...

Убиството предизвика многу шпекулации за тоа дали убијците имале намера да го убијат самиот Дугин или неговата ќерка.

– Не беше грешка – рече Дугин и додаде:

– Направени се сите напори да се убие… Таа беше целта – рече тој во документарниот филм со наслов „Зошто беше убиена Дарија Дугина? кој ќе го емитува рускиот прв канал.

Дугина (29) го возела теренецот „Тојота“ на нејзиниот татко кога експлодирал, што ги натерало руските органи на редот и властите да шпекулираат дека самиот филозоф можеби бил цел на нападот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Според Дугин, неговата ќерка била мета бидејќи ја застапувала „руската идеја… идејата за државност на голема сила, безбедност за нашиот народ и нашата нација“.

Западните медиуми го нарекуваат Дугин „мозокот на Путин“ и „Распутинот на Путин“ и тврдат дека тој наводно влијаел на светогледот на рускиот претседател Владимир Путин.

Во Русија, Дугин генерално се доживува како маргинализирана личност без вистинско влијание, пишуваат српските медиуми.

Loading...

Претходно, Дугин го нарече убиството на неговата ќерка „терористички чин“ и го обвини „нацистичкиот украински режим“ за убиството.

Тој исто така рече дека сака „победа“ за Русија во тековниот конфликт во Украина, а не одмазда.

Киев негира дека ја убил Дарија Дугина

Киев негираше каква било официјална вмешаност во нападот со автомобил-бомба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Руската служба за безбедност, ФСБ, го идентификуваше осомничениот за смртта на Дугина како украинската државјанка Наталија Вовк (43).

Вовк, под презимето Шабан, се појави на списокот на припадници на украинската национална гарда.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.