Убиен е лидерот на екстремистичката група Ал Шабаб

Сподели со своите пријатели

Сомалиските власти објавија дека лидерот на екстремистичката група Ал Шабаб, Абдулахи Надир е убиен во заедничка операција на Сомалиската национална армија и меѓународните партнери.

Loading...

САД ставија цена од 3 милиони долари на неговата глава, а сомалиската влада го опиша како „еден од најважните членови на Ал Шабаб“.

Тој беше убиен во саботата во селото Харамка во регионот на Блискиот Џуба, се вели во владиното соопштение објавено денеска.

Во соопштението се додава дека неговото убиство отстрани „трн од сомалиската нација и дека сомалискиот народ ќе биде ослободен од неговите заблуди и ужасни постапки“.

Претседателот на Сомалија неодамна објави „тотална војна“ против Ал Шабаб, која има илјадници борци и контролира големи делови од јужна и централна Сомалија.