Турист скокна во фонтаната ди Треви и заплива, доби голема казна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турист од Нов Зеланд (30) на почетокот на месецов скокнал во фонтаната Треви во Рим и пливал, поради што набрзо бил казнет.

Откако ги прескокнал бариерите и ги игнорирал забраните и влегол во вода, добил казна од 500 евра, како и забрана за пристап до одредени области на градот, вели Афариталијани.

Се се случувало во постојано преполн и надгледуван простор, а инцидентот бил снимен и споделен на социјалните мрежи.

Видеото од скокот брзо стана вирално, а некои го исмеваа, но тоа и налути многумина.

Имено, некои корисници на социјалните мрежи изјавија дека 30-годишникот треба да се соочи со многу поголема казна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Колумбија потпишаа меморандуми за ретки минерали и нуклеарна соработка

„Казната мора да биде историска“, „Неговото најскапо пливање во животот“, „Непочитување“, се дел од коментарите.

Последниве години Рим се соочи со бројни слични инциденти – капење во фонтани, оштетување споменици, пишување графити…

Фонтаната Треви е еден од најфотографираните и најпосетуваните споменици во светот, но токму поради тоа е и еден од најизложените на неодговорно однесување.

 

@flavio_grosso_ POV: SEI A ROMA E UN SIGNORE TI CHIEDE DI FARGLI UN VIDEO #perte #fyp ♬ Funny video “Carmen Prelude” Arranging weakness(836530) – yo suzuki(akisai)