Турција уапси осум осомничени терористи – тргнале за Германија (фото)

Сподели со своите пријатели

Осум мажи под сомнение дека се припрадници на терористичката организација Исламска држава се уапсени од властите во Турција, а истите планирале да патуваат за Германија преку илегални патишта.

Loading...

Сите се државјани на Мароко, а во Истанбул пристигнале од Казабланка и се пертставиле како туристи. Биле уапсени на аеродромот во Истанбул – „Ататурк“, откако кај нив полициските службеници откриле лажни информации за резервирано хотелско сместување.

По заплената, преку дел од документацијата било утврдено дека планирале да изнајмат чамец во турскиот град Измир и со него да пловат до Грција, а потоа од Атина преку Македонија и целата балканска рута да заминат до нивната крајна дестинација – Германија.

Инаку Турција е главниот транзитен центар за бегалците кои се обидуваат да зачекорат на европско копно. Само во текот на оваа недела во Мароко биле уапсени четири лица поврзани со ќелии на ИСИС, кои регрутирале членови во истата.