Турција: Две лица загинаа, а 140 се повредени во новиот земјотрес во Малатија

Сподели со своите пријатели

Новиот земјотрес што во понеделникот на 27 февруари ја погоди турската провинција Малатија зад себе остави две жртви.

Loading...

Дополнително, според досегашните податоци, по земјотресот се повредени 140 лица.

„Утврдено е дека некои згради се уништени од земјотресот. Екипи за пребарување и спасување се испратени во зоната на катастрофата“, објави АФАД на Твитер, додека жителите на областа излегоа на улиците во страв од уривање на зградите.

Да потсетиме, во понеделникот, на 27 февруари, силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција, со епицентар на 11 километри северно од Малатија.

Земјотресот е регистриран во 12 часот и 4 минути по локално време (10:04 часот по средноевропско време).

АФАД ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетените објекти во регионот и да не се приближуваат до ризичните згради, додека сѐ уште траат спасувачките операции.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.