Трудо до Американците: Не можете да ја земете нашата земја и нашата игра

Loading...
Сподели со своите пријатели

Канадскиот премиер Џастин Трудо ја коментираше победата на канадската хокеарска репрезентација над САД во финалето на турнирот НХЛ 4 нации во Бостон.

„Не можете да ја земете нашата земја и не можете да ја земете нашата игра“, напиша Трудо.

 

 

 

Коментарите на Трудо доаѓаат во време на тензиите меѓу двете земји предизвикани од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој и се закани на Канада со царини, ја обвини дека ја искористува Америка и постојано повторува дека Канада треба да стане 51-та американска држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск се закани дека ќе формира партија ако Конгресот го усвои законот на Трамп

Последниот натпревар меѓу Канада и САД во Торонто го одбележаа Канаѓаните кои ја исвиркаа американската химна, што беше повторено на неколку други натпревари во НБА и НХЛ, пренесува Индекс.

Loading...

Хокејот на мраз е национален спорт на Канада.