Три вида овошје што би требало да ги јадеме секој ден

Сподели со своите пријатели

Овошјето е полно со витамини, влакна и антиоксиданси, а идеално е да се јаде секој ден и неколку пати на ден.

Loading...

Иако секој вид овошје е добар и суштински за поздрава исхрана, одредени видови може да го максимизираат внесот на хранливи материи.

Нутриционистот Џејмс Викерс издвои три вида на овошје кои треба да ги јадеме секој ден, тие се нутритивно многу здрави и хранливи и можат значително да ја збогатат исхраната.

Малини

Како прва, многу здрава и нутритивно богата храна, нутриционистот ги издвои малините.

– Не многу луѓе го знаат ова, но малините се едно од најбогатите овошја со влакна што можете да го јадете како дел од здравата исхрана. Имаат супериорни заштитни својства кои можат да помогнат во заштитата на клетките од оштетување, како што се магнезиум, витамин К и витамин Ц – тврди нутриционистот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МЕДИТАЦИЈА – За подобар имунитет и помалку стрес

Меѓутоа, ако малините не ви се омилено овошје, можете да изберете и други видови бобинки, како што се јагоди, капини, боровинки или црни рибизли.

Викерс препорачува консумирање на една чаша одбрано овошје дневно.

 

Loading...

raspberry lot

 

Банани

Бананите се омилено овошје кое е добар извор на пектин, растворливи влакна есенцијални за здравјето на цревата.

Исто така, скробот во бананите има пребиотик ефект кој може да го стимулира растот на добрите бактерии во цревата.

Покрај влакната, бананите се познати и по други хранливи материи.

„Кога станува збор за есенцијалните микронутриенти, бананите содржат и калиум, кој може да помогне да се одржи поздрав крвен притисок и добро здравје на срцето“, истакнува Викерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако сакате витка линија јадете ги овие намирници секој ден!

 

sliced ripe banana on round white ceramic plate

Loading...

 

Сливи

Според нутриционистите, последното овошје што треба да го јадеме често се сливите.

– Со висока концентрација на антиоксиданси, додавањето на ова овошје во вашата исхрана може да му помогне на телото да се бори со штетните соединенија познати како слободни радикали. Слободните радикали се поврзани со здравствени состојби како што се дијабетес и рак, а редовното консумирање сливи може да ги намали шансите за развој на болеста, вели тој.

Освен тоа, нутриционистот истакнува дека сливите се овошје кое содржи малку шеќер, што ги прави одлична опција за оние кои сакаат подобро да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако имате проблеми со спиење, избегнувајте ги овие грешки

 

red apple fruit on white ceramic bowl