Три вида храна за појадок што ја јадат здравите луѓе

Сподели со своите пријатели

Долгорочно е тешко да се одржи таква диета и затоа по одреден период повторно се дебелеат. Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без да се откажуваат се неисцрпен извор на информации за експертите, пишува Zadovoljna.hr.

Loading...

Техничкиот истражувачки центар VTI во Финска четири месеци ги проучувал навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина.

 

Breakfast Fruit

 

Истражувачите, предводени од д-р Ана-Лина Вуринен, откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок.

Овошјето било најпопуларен избор за 51 отсто од испитаниците, 41 отсто јаделе млечни производи, додека 33 отсто од луѓето избрале конзумирање житарици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку идеи за брз и здрав појадок! Уживајте!

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со овој вид на храна.

 

Loading...

 

Најинтересно е што само 26 отсто од испитаниците признале дека пиеле кафе со појадок, додека останатите 74 отсто одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош на кофеин, пишува Задовољна.хр.

„Наместо да ја ограничувате вашата исхрана и да ја избегнувате омилената храна, прекумерната тежина или дебелеењето може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на своето тело, претпочитајќи квалитет отколку квантитет кога станува збор за оброците“, вели д-р Ана-Лина Вуринен. .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Остатоци од храна штетни по здравјето: Што да се подгрева, а што не?