Три медали за кумановскиот КБК Предатор од турнир во Србија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тројца кик-боксери од кумановскиот кик-бокс клуб Предатор викендов освоија медали на меѓународниот турнир „Balkan Best Fighters 2022″ кој се одржа во Ниш, Србија.

Loading...

 

 

Во категоријата постар кадет до 57 килограми, со сребро се закити Јосиф Велковски, додека бронезни медали освоија Стефан Јовечвски во категоријата јуниори до 84 килограми и Јован Крстевски во категоријата сениоери до 79 килограми.

 

 

Loading...

Свое учество на турнирот од КБК Предатор имаа и Макс Спасовски и Лука Ѓорѓиевски во категоријата помлади кадети, како и Данило Методиевски во категоријата постари кадети. Тие и покрај одличните настапи не успеаја да освојат медали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

 

 

Среброто и бронезните медали кумановци ги освоија во конкуренција од 500 натпреварувачи од целиот регион.

Никола Ивановски