Кошаркарскиот клуб Куманово на меморијалниот турнир “Димитар Ѓорѓиев” што за викендот се одржа во Каварадци, за освојување на третото место забележа победа против домаќинот Фени Индустри, со резултат 78 – 91 за КК Куманово.
Скопскиот тим од Аеродром, МЗТ Скопје, во финалето со убедливи 83 – 65 го победија градскиот ривал Карпош Соколи и станаа победници на турнирот.
Најефикасен кошаркар на финалето беше Ѓорѓе Дреновац со 14 поени,а по 13 поени постигнаа Д. Стојановски и Урош Луковиќ.
Во очекување на стартот на првата македонска кошаркарска лига што ќе започне на 10 октомври, кумановските кошаркари на пријателски натпревар со КК Ботевград, загубија со два коша разлика, со резултат 84 – 86 за бугарскиот тим.