Третина од учениците во Австрија имаат арапски како мајчин јазик

Сподели со своите пријатели

Според најновите податоци на Дирекцијата за образование, една третина од речиси 20.000 ученици кои посетуваат училиште вонредно во Австрија учат арапски како мајчин јазик.

Loading...

Овие податоци укажуваат на долгорочните последици од неуспешната политика за азил и процесот на обединување на семејството, особено кога станува збор за сириските деца кои дојдоа во Виена во последните месеци од 2023 година, пишува германски Хојте.

Според проценките, во моментов има 19.700 деца и млади луѓе кои се класифицирани како „вонредни“, вклучувајќи ученици во основните, средните и специјалните училишта.

Станува збор за ученици кои наставата ја следат вонредно поради потешкотии во совладувањето на германскиот јазик, а голем дел од нив потекнуваат од мигрантски семејства.

На почетокот на годината речиси половина од училишната популација, 45 отсто, имале статус на „вонредни“ ученици, што значи дека не можеле да следат настава на германски јазик.

Анализата покажа дека повеќето ученици зборуваат арапски, додека турскиот и српскиот се на второ место.

Во Виена 13 отсто од студентите го наведуваат турскиот јазик како свој прв јазик.