Трамп: Јас ги носам одлуките, Нетанјаху ќе мора да го прифати договорот

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да прифати каков било договор за кој САД преговараат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фајненшл тајмс објавено во неделата, истакнувајќи дека тој „ги носи одлуките“.

„Нема да имаат избор“, рече Трамп, а пренесе Ројтерс.

Израел во неделата нападна предградие на Бејрут, за прв пат откако САД објавија мировен план за Либан минатата недела.

Иран подоцна истрела проектили врз израелски цели, загрозувајќи ги разговорите за ставање крај на пошироката војна.

Иран претходно изјави дека секој мировен договор со САД ќе зависи од прекинот на огнот во Либан, кој Израел го нападна во март во потрага по проирански борци на Хезболах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го нападна Иран и покрај барањето на Трамп, Техеран возврати (ВИДЕО)

Иранската револуционерна гарда објави дека нивните напади врз Израел во неделата навечер се „предупредување“ за поширок одговор кој ќе ги вклучи сите американски и израелски цели во регионот доколку се повторат „агресии“.