Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека не мисли дека Иран е подготвен да постигне „вистински договор“ и дека Вашингтон го следи развојот на ситуацијата.
„Тоа само значи дека гледаме што се случува“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали воените опции на Америка против Иран се ограничени, објави Ројтерс.
Тој рече дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион поврзан со Ормутскиот теснец.
„И тоа значи многу, вклучително и копнената површина. Значи, би сакале да постигнат договор, но тие не се подготвени да склучат вистински договор, според мене“, додаде Трамп, според Танјуг.

