Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска изјави дека Иран никогаш не може да има нуклеарно оружје.
Цел број еден е и секогаш ќе биде Иран да не смее да има нуклеарно оружје на кој било начин“, напиша Трамп во објавата на социјалната мрежа Вистина.
Неговите коментари доаѓаат откако истекува Меморандумот за разбирање на САД и Иран со цел да се стави крај на војната.
Договорот, потпишан на 17 јуни од Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, следеше по разговорите на високо ниво, чиј домаќин беше Пакистан.
Целта на Меморандумот беше да се стави крај на војната која траеше повеќе од три месеци, уби илјадници луѓе и го наруши трговскиот сообраќај во Персискиот Залив, особено извозот на нафта и гас од кој зависи целиот свет.
Оставајќи ги за подоцна сложените прашања како што е иранската нуклеарна програма, договорот не само што бараше итно дипломатско решение за ставање крај на војната со Техеран, туку и за ставање крај на конфликтот во Либан, пренесува Танјуг.

