Трамп е победник на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир, оставајќи ја зад себе поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации и поранешна гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли.

Loading...

Трамп освои 54,5 отсто од гласовите, со што освои 11 електори, додека Хејли освои 43,6 отсто од гласовите и освои осум електори, врз основа на речиси 90 отсто од обработените гласачки ливчиња, пренесува Гардијан.

Овој исход од прелиминарните избори во Њу Хемпшир, по неговата победа во пратеничката група во Ајова минатата недела, сугерира дека Трамп по трет пат ќе биде кандидат на Републиканската партија на претседателските избори и дека најверојатно ќе се соочи со актуелниот претседател на САД и најверојатен кандидат на Демократската партија по втор пат во ноември, Џозеф Бајден.

Трамп им се обрати на своите поддржувачи во Нашуа, зборувајќи и за резултатите на Ники Хејли.

„Таа не победи, таа загуби. Таа имаше многу лоша вечер. Таа беше трета во Ајова и сè уште виси“, рече Трамп.

Од друга страна, Хејли рече дека и покрај поразот во Њу Хемпшир, ќе продолжи со кампањата за следните прелиминарни избори на Републиканската партија, кои се одржуваат во Јужна Каролина, државата во која таа беше гувернер.

„Прилиминарните избори во Њу Хемпшир беа први во земјата, но не беа последни. Трката е далеку од завршена. Останаа десетици држави, а следната на ред е мојата Јужна Каролина“, рече Хејли, оценувајќи дека „хаосот на Џозеф Бајден“ не може да се поправи со „републикански хаос“.

Анкетите покажуваат дека Трамп има значително водство во Јужна Каролина.

Loading...

„Гардијан“ потсетува дека Ники Хејли останува последната противкандидатка на Трамп за републиканската номинација, откако гувернерот на Флорида Рон Де Сантис се повлече од изборната трка.