ТРАГЕДИЈА ВО НИГЕРИЈА: Се урна учичиште, 12 загинати, околу 120 под урнатините

Сподели со своите пријатели

Најмалку 12 тела се извлечени денеска од урнатините на училишната зграда во државата Плато во централна Нигерија, јави локалната телевизија.

Околу 120 ученици и наставници се под урнатините и потрагата по нив е во тек, пренесе АП.

Властите допрва треба да го потврдат бројот на повредени ученици и наставници, но телевизијата Каналс објави дека 26 лица биле примени на лекување во блиската болница.

Владата ја обвини за трагедијата „слабата структура на училиштето и неговата локација“, бидејќи училиштето се наоѓа во близина на брегот на реката.

Двокатницата утрово се урна, а војската и полицијата се на терен, јави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најавени 250 протести низ цела Франција: Се очекуваат 800.000 луѓе

Во Нигерија ваквите инциденти се вообичаени поради лошите регулативи, кои не ги исполнуваат стандардите кога станува збор за градежни материјали.