Траат процедурите за санација на кровот на „Браќа Миладиновци“

Сподели со своите пријатели

Траат процедурите за санација на покривот на кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци“, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на Куманово, во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“. Тој очекува и целосна документација за изградба и на Гимназијата „Сами Фаршери“.

Loading...

Министерот се надева дека проблемот со прокиснување на покривот ќе се надмине до наредната учебна година. Родителите постојано се жалат дека децата следат настава во небезбеден објект во двете централни училишта и дел од учениците следат настава и во Гимназијата „Гоце Делчев“.

Министерот Шаќири во изјавата за медиумите посочи дека остануваат дел од постапките за кои претходно Владата обезбеди средства кон крајот на минатата календарска година. Тој нагласи дека има административни процедури кои треба да се запазат.

Како Влада тоа што го одлучивме при крајот на минатата календарската година, обезбедивме средства и по обезбедувањето на тие средства, веднаш почнавме со постапка, за јавни набавки, за економски оператор. Таа постапка за економскиот оператор е завршена, остануваа постапките во комисијата во МОН којашто треба да продолжи со веќе доставените понуди на документацијата, а по разгледување, остануваат она што е предвидено со законот, процес на жалби. Јас денеска имав координација за сите други капитални инвестиции, една од нив беше и Куманово, што поскоро Комисијата да почне со разгледување на документите, да поминат временски рокови и се надевам барање на општината, барање на училиштето, мое барање што побрзо да завршат постапките и да имаме услови да почнеме со работа и тоа да го реализираме што поскоро тој проект. Тоа очекувам во оваа календарска година да се заврши, први септември да не бидат веќе тие проблеми, изјави министерот Шаќири.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Се покажа дека граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во изјавата за медиумите кажа дека ако Министерството и Владата не можат да го решат проблемот тогаш општината ќе направи ребаланс и со свои средства ќе го санира покривот. Тој најави средба со министерот и верува дека проблемот ќе се надмине.

Димитриевски ги отфрли, како што рече „шпекулациите“, кои биле дадени од претставници на законодавната власт дека сите инвестиции во образованието се обезбедни од државата, нагласувајќи дека и општината со свои средства, преку заштеди реконструира училишта, спортски терени. Тој посочи дека општината навреме аплицира за сите проекти, бидејќи има сопствено претпријатие „Куманово план“, па поминуваат сите проекти за реконструкција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец приведен поради кражба од продажен објект

– Тоа не е точно. Инвестициите, дел се обезбедени од државата, но најголем дел се обезбедени од сопствениот буџет на општина Куманово по основ на заштеда, така успеваме да ги реконструираме училиштата во градот и да изградиме нови спортски капацитети, игралишта да ги доуредиме и доопремиме технички. Мора да кажам дека аплициравме на голем број на повици на министерството и бидејќи го имаме ЈП „Куманово план“ за подготовка на документација за реконструкција на постоечки обејкти први успеваме да изработиме документи и да аплицираме. Сите тие проекти се прв аплициран, прв услужен, ние успеваме да добиеме голема поддршка тука и оваа година имаме аплицирано за голем број проекти за реконструкција, сè уште нема одговор од ресорно министерство, изјави Димитриевски.

Министерот за образование и наука кажа дека чекаат целосна документација од општината за изградба на „Сами Фрашери“. Владата веќе обезбеди средства, но доколку се потребни согласно документацијата, ќе се дообезбедат, за да се реши деценискиот проблем на учениците кои следат настава во несоодветен објект, поранешна административна зграда на „ЗИК Куманово“.

Loading...

– Во напредна фаза на комуникација сме со општина Куманово, во делот на подготовка на документацијата. Од општината ние е ветено дека во најбрз можен рок целосно ќе се комплетира документацијата, што значи ќе имаме документација со дозвола за градба во делот каде треба да се изгради, ќе го разгледаме тоа што е доставено за да се види вредноста на проектот и дали ќе има потреба за дообезбедување на буџетски средства. Очекуваме и за овој проект по документите коишто ќе треба да се комплетираат од општина Куманово, ние како Министерство сме подготвени исто со буџетски средства ќе дообезбедиме ако има потреба за да ги организираме постапките во 2023-та година. Се надевам се работи за време, месец, ми е кажано од општина Куманово, во моментот кога ќе ме извести и мене и вас, ќе бидеме радосни ќе ја почнеме постапката, која е долгогодишна и мислам дека тогаш економскиот оператор и тука да го реализира како што треба изградбата на таа гимназија, изјави министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен осуденик кој избегал од затворот во Куманово

Владата на иста седница лани донесе одлука за почнување постапка за изградба на нов училишен објект за учениците од „Сами Фрашери“ и за санација на покривот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

МИА