Товарно возило прегази пешак во Војник

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и седумгодишен пешак од селото Војник, Општина Старо Нагоричане, вчера бил тешко повреден откако во него удрило товарно возило.

Loading...

– На 12.12.2023 во 05.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на мост од река Пчиња, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, товарно моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(65) од село Петралица, општина Ранковце удрило во В.Т.(87) од село Војник, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски