Тодоров најавува изградба на нов Ургентен центар во Куманово кон крајот на 2016

Сподели со своите пријатели

Како што информира министерот за здравство, Никола Тодоров, во тек е изработка на основен проект за изградба на нов Ургентен центар во Куманово во рамки на Општата болница во Куманово, при што веќе е изработен идејниот проект, пренесува Курир.

Loading...

-Објектот ќе се состои со приземје и кат со површина од околу 600 метри квадратни и ќе се гради до местото каде што се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на Интернистичкиот оддел, така што овие објекти ќе се поврзат и ќе се добие една целина на нов Ургентен центар, објави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Во Ургентниот центар ќе има комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби, со што во објектот ќе бидат поставени и рентген апарати и апаратот за компјутеризираната томографија.

-Новиот Ургентен хируршки центар  ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта и други простории. Ова ќе биде дополнително на веќе постоечки амбуланти на интернистичкиот оддел, додаде Тодоров.

Станува збор за инвестиција од нешто повеќе од 20 милиони денари која се очекува да биде завршена до крајот на 2016 година.

Министерството за здравство веќе распиша тендер и отпочна постапка за набавка на нова опрема во вкупна вредност од околу 20 милиони денари.

Станува збор за EEMG апарат, хируршка опрема која опфаќа опрема за затворање на крвни садови во тек на интервенција, пнеуматски туби, респиратор, перфузори, инфузомати, сет лабароскопски инструменти, греач за тело, апарат за компресија на нозе и така натаму, додава тој и потенцира дека до крајот на март 2016 треба да заврши набавката.