„Тесла“ во Шангај за три години произведе милион возила

Сподели со своите пријатели

Гигафабриката на американскиот производител на автомобили Тесла во Шангај, Кина произведе еден милион возила за три години, што претставува пресвртница, објави компанијата, пренесува Ксинхуа.

Loading...

Основана во 2019 година, гигафабриката Тесла во Шангај е првата гигафабрика на производителот на автомобили надвор од САД, со стапка на локализација на индустрискиот синџир од повеќе од 95 отсто и 99,99 отсто од кинеските вработени.

Според податоците на Tesla China, фабриката во Шангај, важен извозен центар за Тесла, извезла 97.182 автомобили во периодот јануари – јуни, во споредба со 41.770 единици во истиот период минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Тесла испорача рекордни 77.938 возила во Кина во јуни, што е за 177 отсто повеќе од претходната година.

Гигафабриката Шангај произведе речиси 300.000 возила во првата половина од оваа година, според Ксинхуа.