Тешко повредена жена при пад од опсерваторијата Кокино

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, станицата за итна медицинска помош бележи редовен работен ден со интервенции карактеристични за овој период од годината, како и две поголеми интервенции.

Loading...

Во првата интервенција, екипите на Брза помош во текот на вчерашниот ден интервенирале во близина на Опсерваторија – Кокино во 10,30 часот,  каде дежурната екипа укажала прва помош на жена на возраст од околу 40 години која при посета на истата поради невнимание паднала од стрмниот терен, и се здобила со тешки телесни повреди . Веднаш била префрлена на Одделението за хирургија во Општа Болница – Куманово, а потоа по укажаната лекарска помош била префрлена во Ургентен центар – Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Втората интервенцја е регистрирана во с.Отља во 18,10 часот, каде во сообраќајна незгода било пријавено дека трактор прегазил пешак – маж на возраст од 50 години. Дежурната екипа по укажаната прва помош, пациентот го префрлила на Одделението за хирургија во Општа Болница – Куманово, но поради сериозноста на повредите, истиот е префрлен во Ургентен Центар – Скопје.

Повредениот се наоѓа вон животна опасност со повредени долни екстремитети .

Leave a Reply