Армијата ќе презентира воена опрема и оклопни возила во Куманово

Сподели со своите пријатели

Лесни оклопни возила „Страјкер“ и JLTV, воено-полициска, алпинистичка и нуркачка опрема, како и современо пешадиско вооружување ќе бидат претставени во Куманово на 11 октомври.

Празничната презентација на материјално-техничките средства на Армијата ќе се одржи во недела, од 10 до 14 часот, во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот.

Посетителите ќе имаат можност одблизу да се запознаат со дел од опремата и вооружувањето што ги користи Армијата, вклучувајќи лесни оклопни возила од типот STRYKER и JLTV, воено-полициска опрема, алпинистичка и нуркачка опрема, како и современо пешадиско вооружување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворање на повеќе улици во Куманово во недела поради одбележувањето на „11 Октомври“

Настанот е во организација на Армијата на Република Северна Македонија, со поддршка на Општина Куманово.

На презентацијата се поканети високи функционери од државните институции и претставници на Генералштабот на Армијата.

Од организаторите информираат дека настанот е дел од празничната програма со која се одбележува еден од значајните датуми во македонската историја.

Никола Ивановски