Телеграм лани забележал загуба од 173 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Приходите на Telegram во 2023 година биле 342 милиони долари, но компанијата зад истоимената платформа за пораки објави вкупна загуба од 173 милиони долари таа година.

Loading...

Загубата беше делумно компензирана со зголемување на вредноста на дигиталните средства на билансот на Telegram, вклучувајќи ја и криптовалутата Toncoin (TON), пишува Financial Times (FT).

Британскиот весник наведува дека минатата година вкупната вредност на дигиталните средства на Telegram била речиси 400 милиони долари, а компанијата од почетокот на оваа година продала имот во вредност од 244 милиони долари.

Истрагата покрената во Франција против основачот на Телеграм, Павел Дуров, може да ги наруши плановите на компанијата да излезе на берза во следните две години, бидејќи инвеститорите и огласувачите нема да сакаат да инвестираат во платформата, пишува ФТ повикувајќи се на експерти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е човекот кој уби туристка во Будимпешта, деловите од телото ги сокрил во куфер

Бројот на корисници на Telegram кои се активни на месечно ниво се зголеми на 950 милиони до јули, пренесува Комерсант.

Во Франција деновиве апликацијата Телеграм се проби на првото место по бројот на преземања меѓу социјалните мрежи.